Различни профили на клиенти може да се начекаат во продажните салони на Џими Чу, а предноста во неговите модели е што можат да се носат неколку години по ред, а не само за одредена сезона. Новата креативна директорка на брендот, Сандра Чои се обидува да остане доследна на делото на Џими Чу, а и на неговите верни клиенти.

Новата колекција чизми се пред се класични и имаат детали со кои поединецот секако ќе се истакне од целата маса, а со тоа и ќе наметне прашања за нивниот дизајнер. Доколку сеуште не сте одлучиле какви чизми сакате да купите, ние ви предлагаме да ги погледнете петте нови модели од Џими Чу.

Објавено:
25 октомври 2013
Категорија: 
Модни додатоци