Валентино ја промовираше својата колекција аксесоари за пролет-лето 2015 насловена MIME Collection инспирирана од традиционалната култура на Италија, карактеристична за 18-от век. Конретно се работи за инспирација која потекнува од едукативните патувања кои биле привилегија за децата и младите од аристократските кругови, преку кои тие се запознавале со културата , уметноста и филозофијата на својата земја.

Во колекцијата доминираат флоралните принтови и истата се промовираше со краток хипнотизирачки филм во кој аксесоарите мимикрираат со флоралната позадина. Чантите и чевлите од новата пролетна колекција се селектирани во пет различни линии: Blossom, Leaf, Flower Eyes, Arabesque, and Flower Dot.

Секоја од овие линии има посебна колорна карта и е креирана со специфичен принт или колаж од различни принтови.

 

Објавено:
1 април 2015
Категорија: 
Модни додатоци