Ана Љубинковиќ со интересен перформанс на “Модни вињети“

24 април 2015

Познатата српска дизајнерка Ана Љубинковиќ со интересен перформанс во рамките на програмата „Модни вињети“ на Serbian Fashion Week, ја промовираше својата нова колекција.

Талентираната дизајнерка е препознатлива по бајковитоста во нејзиниот креаторски израз , па и во оваа линија ја задржа таа нејзина карактеристична нота, со тоа што овој пат нејзината приказна ја смести во праосториска пештера.

Сите креации се во колор блок варијанти обоенти во пастелни тонови и кроеви со асиметрични исечоци, додека манекенките се со идентични фризури и шминка – црна перика со шишки и очи нагласени со портокалова шминка.

Ана преку своите модни линии свесно ги избегнува модните трендови и секогаш инсистира на лична перцепција на модата. Нејзината промислена и добро изградена игра со модата има јасни корени во ликовната уметност. Скулптурални форми, интензивни бои и дезени, рачна изработка и совршени кроеви комбинирани во интересна игра со детали се нејзин заштитен печат. Покрај облека, таа дизајнира и аксесоари, торби и чевли.

 

 

Објавено:
24 април 2015
Категорија: 
Фото галерија