Ревиите на Шанел и Армани му донесоа ѕвездена прашина на Париз

9 јули 2014

Шанел шоу Шанел шоу

Во модната индустрија важи правилото: колку ти е поголемо и позвучно името, толку и „поѕвездени“ ќе ти бидат гостите. Дека тоа е така се потврди вчера на третиот ден од актуелната  париска модна недела за висока мода, на која дизајнерите ги презентираат најновите тенденции за есен-зима 2014. Денот започна со ревијата на Шанел, а продолжи со модните перформанси на Букра Јарар, Стефан Роланд, Џорџо Армани Приве, Александар Вотиер и Улиана Сергеенко.

 

Шанел

Шанел шоу Гости на модното шоу на Шанел 

Самиот старт на денот беше гламурозен. Таинствениот Лагерфелд, своето модно шоу го одржа во Големата Палата во Париз, која беше специјално декорирана за тој настан. Голема бела соба, со импровизирани прозори и камин, златни столчиња и амбиент надополнет со арапски шмек. Во првите редови сосема очекувано беа голем број  познати личности. Меѓу нив,  неговата муза актерката Кристен Стјуарт која се појави облечена во топ маичка и мрежести широки бели панталони со висок струк. Комбинацијата ја надополнила со бели високи потпетици, долг масивен ѓердан, алки на двете раце и ноншалантна  кратка фризура во бакарна боја.

Шанел шоу Шанел шоу

Еден од највпечатливите меѓу ѕвездената толпа беше и годинешниот оскаровец, музичар и актер Џеред Лето кој  остана доследен на својот рокерски стил и на ревијата се појави во бела маичка со принт, панталони од твид во окер боја  и тексас светло сина кошула. На овој аутфит, Лето му додаде каубојски чизми во беж нијанса, очила за сонце, алка и кожен ѓердан.

Шанел шоу Шанел шоу

Лили Колинс, исто така беше една од гостите на шоуто која седеше во првиот ред облечена во впечатлив стајлинг. Таа се одлучи за бел џемпер со цветни и животински принтови во црна боја и црвено-сребрено молив здолниште. Храбар и интересен контраст на комбинација која Колинс ја надополни со едноставна фризура, црвена чанта со реси, шпиц високи потпетици и smokey шминка.

Шанел шоу: Лили Колинс Шанел шоу: Лили Колинс

Попи Делевињ, сестрата на миленичката на Лагерфелд, како и секогаш остана доследна на својот елегантен, шик и едноставен изглед. Таа се одлучи за припиен, сив макси фустан, црни потпетици и фамозната чанта со логото на Шанел.

Шанел шоу: Попи Делевињ Шанел шоу: Попи Делевињ

Меѓу присутните на ревијата на Шанел ги видовме и Нина Добрев, француската актерка Изабел Ипер, Каролин де Магрет, Баз Лурман и Кетрин Мартин и многу други.

Џорџо Армани

Џорџо Армани шоу: Џорџо Армани со моделите Џорџо Армани шоу: Џорџо Армани со моделите

Во народниот театар Шајо чии прозорци ви го доловуваат прекрасниот поглед кон Ајфеловата Кула присутните имаа можност  да ги видат ремек делата извајани во креации од вештите раце на мајсторот Џорџо Армани, кои ќе бидат актуелни за претстојаната сезона есен-зима 2014.

Џорџо Армани шоу: Џеред Лето и Џорџо Армани Џорџо Армани шоу: Џеред Лето и Џорџо Армани

Џеред Лето по се изгледа е голем обожавател на звучните модни имиња, па реши да биде дел од ѕвездената толпа и на Армани. За разлика од аутфитот кој го презентираше на ревијата на Шанел, кај Армани, Лето се појави во неверојатно софистицирана елегантна комбинација која се состоеше од црни панталони, тегет кошула која во горниот дел е раскопчана и црно сако.

Џорџо Армани шоу: Кејт Хадсон и Џорџо Армани Џорџо Армани шоу: Кејт Хадсон и Џорџо Армани

Најмаркантна на шоуто беше  актерката Кејт Хадсон, која  позитивно ги шокираше сите облечена во светкав комбинезон со V-израз во виолетови нијанси. Гламурозната креација беше акцентирана со брош направен од свилена марама во форма на цвет, клач-чанта  во темно сина боја, сандали во сивкаст тон и фризура собрана во пунџа настрана, надополнета со едноставна шминка.

Џорџо Армани шоу: Џорџо Армани и Пинк Џорџо Армани шоу: Џорџо Армани и Пинк

Бунтовната и секогаш оригинална пејачка Пинк е  реткост да ја видиме меѓу гостите на модните шоуа од  висока мода. Но специјално за својот миленик, Пинк дојде да го проследи модниот перформанс. Таа не само што изненади со својата појава, изнендади и со својот стајлинг. За оваа пригода пејачката се облече  црн макси сатенски фустан кој го надополни со рачно изработен сребрен елек и едноставна фризура и шминка.

Џорџо Армани шоу: Џорџо Армани и Софија Лорен Џорџо Армани шоу: Џорџо Армани и Софија Лорен

Прекрасната Софија Лорен ја загреа температурата пред почетокот на шоуто, појавувајќи се заедно со Роберта Армани, облечена во црвен фустан декориран со светкави камчиња во златна нијанса. Легендарната, актерка која е прогласена за најубавата жена со природна убавина на сите времиња, беше вистинска дама во црвено и пленеше со својата појава, шарм и убавина.

Џорџо Армани шоу: Џорџо Армани и Жилиет Бинош Џорџо Армани шоу: Џорџо Армани и Жилиет Бинош

Долгогодишната пријателка на Џорџо Армани, француската актерка Жилиет Бинош не можеше да го пропушти модното шоу. Таа пристигна на ревијата облечена во црни тесни панталони и бела кошула со длабок израз во пределот кај деколтето во асиметричен крој.

Џорџо Армани шоу: ана Дело Русо Џорџо Армани шоу: Ана Дело Русо

Можеби само Ана Дел Русо беше единствена која малку „потфрли“ со својот стајлинг. Таа се одлучи за кратко фустанче во „принцеза“ стил, корсетирано во горниот дел со широко волуменозно здолниште. Овој избор апсолутно е далеку од  нејзиниот личен моден печат.

Улијана Сергеенко

Улиана Сергенко шоу Улијана Сергеенко шоу

Ако Армани ја донесе Италија во Париз, тогаш Улијана Сергеенко го долови шмекот на Русија во градот на светлината. Сосема фер и од двете страни. Освен што ја донесе руската бајка на париските улици, Сергеенко вметна и големи промени во рамките на модниот израз кој го презентираше. Љубопитни за да ја откријат новата модна насока на дизајнерката, беа актерката Орнела Мути, која по се изгледа како и Софија Лорен, знае дека вистинските дами секогаш носат црвени и елегантни комбинации кои се симбол на моќ и женственост. Модната икона Ана Дел Русо, изненади со својата појава на Сергеенко, пристигнувајќи во истиот аутфит кој го носеше и за време на ревијата на Армани.

Улиана Сергенко шоу: Улиана Сергенко Улијана Сергеенко шоу: Улијана Сергеенко

Меѓу гостите кои дојдоа да го проследат шоуто на руската дизајнерка беа и Сузи Менкес, Гленда Бејли, Карла Ото, принцот Абдула ал Калифа и неговата сестра принцезата Мнироу ал Калифа, Стефан Џонс, дизајнерот Џамбатиста Вали и многу други.

Улиана Сергенко шоу:Стефан Џонс, Орнела Мути, Џамбатиста Вали и Ана Дело Русо Улиана Сергенко шоу:Стефан Џонс, Орнела Мути, Џамбатиста Вали и Ана Дело Русо

По завршувањето на модните презентации ноќта беше резервирана за коктел забавата која ја организираше брендот за накит Булгари, а на која познатите личности можеа убаво да се дружат и да уживаат во преубавата атмосфера. Како највпечатливи со своите изгледи се издвоија Ана Дел Русо која сепак успеала да се пресоблече и на забавата пристигна во тоалета потпишана од модната куќа Шанел. Моделот кој Русо одбра да го носи е дел од предесенската колекција на куќата за 2014 година.

Коктел забава - Булгари: Ана Дело Русо во Шанел Коктел забава - Булгари: Ана Дело Русо во Шанел

Русокосиот модел Аризона Мјуз исто така беше дел од елитната забава. Таа пристигна облечена во долга тоалета која презентира инвентивна игра на контрастот помеѓу виолетовите и зелените нијанси споени во цветна приказна, дело на Емилио Пучи.

Коктел забава - Булгари: Аризона Мјуз во Емилио Пучи Коктел забава - Булгари: Аризона Мјуз во Емилио Пучи

Не помалку гламурозна беше и Нина Добрев, која и покрај напорниот ден  и задолжителното присуство на скоро сите модни шоу, стигна на забавата облечена во елегантна долга црна тоалета, низ која дискретно се распрснати масивни цветови, потпишана од модната куќа на Ели Саб.

Коктел забава - Булгари: Клотилде Куро во Роланд Мурет и Сен Лоран Коктел забава - Булгари: Клотилде Куро во Роланд Мурет и Сен Лоран

Француската актерка Клотилде Куро или попозната како принцезата од Савоја исто така присуствуваше на гламурозниот настан. Таа се одлучи за краток коктел фустан на Роланд Мурет кој е целосно модерен и тренди и црно сако од модната куќа Сен Лоран.

 

 

 

Објавено:
9 јули 2014
Категорија: 
Сцена