Флоралните аксесоари се водечки за тековната сезона

8 мај 2014

Дизајнерите од светските модни куќи освен во парчињата облека, цветните мотиви, апликации и принтови веќе неколку сезони не ги исклучуваат од имплементирање во колекциите пролет-лето. Веќе може да се каже дека цветниот прит стана безвременски, па го очекуваме и за уште многу наредни сезони. Ако вашиот стил може да се опише како бохо и романтичен, тогаш сигурно е изграден, односно се базира на облека со цветови. Сега, освен парчињата со принт, апликации, везови и цветни принт блокови, познатите па и комерцијалните брендови се повеќе лансираат и вакви аксесоари како чанти во разни форми од клач до предимензионирани, марами, масивни ѓердани, паричници, обувки, очила за сонце и друго.

Miu Miu Miu Miu

Доколку сакате да се подновите со некој сличен цветен аксесоар, во продолжение погледнете шаренолика цветна алтернатива која ќе ви помогне во изборот.

Објавено:
8 мај 2014
Категорија: 
Модни додатоци