Цветно лето во вашиот гардеробер

18 јули 2014

Ова лето цветниот принт дефинитивно кулминираше. Флоралните апликации се буквално насекаде почнувајќи од облеката, до модните додатоци како накитот, чевлите и чантите па дури и шапките. Романтиката која со себе ја носат цветовите е навистина магична состојка во која дамите не можат, а да не се заљубат. Нежното претопување на свежите и пастелните нијанси во форми на ситни и крупни цветови низ макси фустаните и здолништата, маичките, панталоните и палтата му даваат една повесела димензија на целиот изглед.

9799fc87a2b72b367dec9e8090c5fc5e

Се чини дека флората ќе биде асоцијација и моден двигател не само во тековната сезона, туку и во наредната. Имплементирањето на азиските цветови, миксот на тропската цветна егзотика, бохо стилот или  планинското цвеќе е тренд кој не само што ја оживеа природата, туку го разбранува и градскиот урбан дух.

За да ви олесниме во изборот ние ви подготвивме прекрасна галерија на модели и додатоци кои со сигурност ќе ви се допаднат бидејќи се целосно во знакот на цветовите, а на вас останува само да го одберете она што навистина ви се допаѓа.

Објавено:
18 јули 2014
Категорија: 
Тренд