Freywille колекција накит во чест на чешкиот сликар Алфонс Муча

23 септември 2014

Чешкиот сликар и дизајнер Алфонс Муча, според многумина е еден од најзначајните протагонисти на уметничкиот правец „Art Nouveau“. Својата слава ја стекнал создавајќи и уникатни плакати на познатата француска актерка Сара Бернард. Додека Муча работел како илустратор во печатницата на Жак Лемерсје во 1984 година, актерката Бернард била во потрага по уметник кој специјално за неа ќе изработи плакат со кој таа ќе може да ја промовира својата претстава. Бидејќи сево ова се случувало за време на новогодишните празници, ниту еден илустратор во Париз не бил достапен, па Муча решил да и помогне на актерката и да и го изработи плакатот. Станувало збор за претставата „Гизмонда“, а Муча го дизајнирал два метра високиот плакат, целосно во „Art Nouveau“ стил. Импресивна визија на театарската дива, позната по својата раскошна коса, опкружена со стилизирани цветови и орнаментални украси ја воодушевил не само Бернанрд, туку и целиот Париз. Freywille артистите инспирирани токму од постерот и работата на Алфонс Муча, создадоа уште една современа раскошна колекција на преубав накит.

Иконската елеганција и сензуалност, најдобро ја опишуваат Freywille колекцијата, едноставно насловена „Hommage a Alphonse Mucha“. Неодоливиот накит кој е дел од оваа линија е поделен во два сегменти. Првиот е насловен „Сара Бернард Бургунди“, а вториот „Сара Бернард Аквамарин“ и претставува совршен избор за сите вљубенички во елеганцијата и дами со афинитети кон современата уметност, префинетоста и едноставниот стил.

Неодоливите закривени линии на златни, црвени и нежни розови тонови или пак златни и сино - зелени нијанси шармантно се испреплетуваат како прамени од коса на совршено обликуваните мазни површини. Накитот во својот таинствен дизајн ја крие интригантната приказна за животот на славниот чешки уметник од крајот на 19-ти век Алфонс Муча и неговата преубава муза Сара Бернард.

Објавено:
23 септември 2014
Категорија: 
Модни додатоци