Генијален изум за сите вљубеници во балетот

10 ноември 2014

Дека модерната технологија навистина го олеснува животот и секојдневието на луѓето, потврдува најновиот изум кој ги бележи движењата и ги претвора во графички облик.

Апликацијата E – traces која ја смилила Лесија Трубат ги бележи танцовите чекори и ги претвора во визуелни сензации со помош на технологијата. На тој начин балетаните и балерините можат своите движења да ги видат во дигитален облик на своите мобилни телефони. Сензацијата може да се изведе само доколку на чевлите за танцување се постават сензори за движење кои го снимаат притисокот и насоката што танчарите ги прават со стапалата додека играат и на тој начин испраќаат сигнал до електронските уреди. Потоа посебната апликација, го прикажува она што го има регистрирано и забележано во графички облик. Она што е особено интересно е дека може да се прилагоди на секој корисник.

Со оваа апликација, танчарот може да ги види своите движења во видео формат, да издвои фотографии, па дури и да ги испечати. На тој начин балерините и балетаните можат да ги воочат грешките, за подоцна да ги исправат, можат да направат споредба и да го анализираат снименото и на крајот да направат презентации и со тоа да ги издвојат правилните танцови движења. Секако дека овој изум може да се користи и за други танцови дисциплини.

 

Објавено:
10 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци