Ремените се дефинитивно најдобри пријатели на жените кога станува збор за нагласување на половината во било која комбинација.

Без разлика дали се работи за тесен фустан, широк кој сакате да изгледа тесно или пак последниот хит палто – мантили, големите ремени се полн погодок во секоја ситуација.

Судејќи според фотографиите на познатите блогерки поставени на нивните Инстаграм профили, големите ремени ќе бидат вистински хит во претстојната сезона.

Тие носат ремени со реси, со метални детали, со големи украси во предниот дел и што уште не, само да е што е можно повпечатливо.

Што се однесува до материјалите, речиси сите модели се претежно кожени, но има и такви кои се украсени со големи, интересни детали во предниот дел.

Девојките сакаат да ги носат и со елегантни женски костими со кои навистина изгледаат супер, но запомнете дека треба внимателно да ги комбинирате со други украси или накит за комбинацијата да не изгледа натрупано.

Доколку во вашиот плакар сѐ уште имате по некој од оние впечатливи модели на ремени што сакавме да ги носиме пред неколку години, сега е вистинско време да ја пронајдете соодветната комбинација за нив.

Објавено:
20 март 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.419 пати