Инстаграм профили со најубавиот накит на светот!

18 февруари 2015

Веруваме дека и вие сте „зависници“ од Инстаграм како што тоа е случај и со остатокот од светот, а токму денеска ви ги презентираме најубавите профили за накит на социјалната мрежа.

На дневна база, овие 11 профили се вистинска инспирација во однос на комбинациите и изборот на накит што секогаш е толку шармантен и колоритен.

Веруваме дека доколку сте обожавателки на накит, веќе сте запознаени со некои од овие профили, но ние сепак решивме да ги собереме најубавите на едно место.

На оваа листа се најдоа профилот на брендот обожуван од девојките ширум светот „Даниџо“, кој се наметна на светската сцена по фантастичните волуменозни ѓердани, но и брендот на модната блогерка Леандра Медин – Каи Каи, како и брендот на Коко Роша - БаблБар.

Иако останатите брендови не се многу познати, веруваме дека тие многу ќе ви се допаднат!

BaubleBar 

Bones and feathers 

Daniela Villegas 

Dannijo 

JewelMint

KhaiKhai Jewelry 

Love Adorned

LoveGoldLive 

Luvaj

Stephen Webster 

Vita Fede

Објавено:
18 февруари 2015
Категорија: 
Модни додатоци