Капа за деновите со „лоша коса“
•
29 ноември 2018
Вообичаено е во зима да носиме капа. Плетена, беретка, качкет, шешир... – пред сè во функција да се заштитиме од студот. Неспорна е и естетската улога на овој моден додаток во нашиот стил, но имаме уште еден бенефит: ја носиме и во денови со „лоша коса".
Во зима честопати временските прилики не ѝ се во прилог на нашата коса, па во такви ситуации зимските капчиња се одлична солуција која пред сè ќе ни заштеди време, а истовремено ќе ни помогне да ја прекриеме „несоодветната фризура".
Беретките ќе му дадат француски шарм на вашиот зимски имиџ, шеширите секогаш ја акцентираат женственоста, а плетените капи го доловуваат урбаниот дух.
Инспирација следува во галеријата во продолжение...
Фото: Пинтерест