Кој е омилениот модел салонки на трендсетерките?

20 јануари 2014

Мила Кунис, Ферги, Карли Клос, се само неколку од познатите трендсетерки што ги обожаваат класичните салонки со принт од питон на Кристијан Лубутан.

 

На различни прилики, овие славни девојки го носеа токму овој неповторлив модел, а го комбинираа како со бели парчиња така и со такви во повпечатлива боја, но и со елегантни панталони и сако. Овој модел чевли го носи името „So Kate“ , го има во неколку колорни нијанси, но таквиот со змиски принт е најбараниот. Погледнете како ги носат тие и слободно замислете се како ќе ви прилегаат вам.

Објавено:
20 јануари 2014
Категорија: 
Модни додатоци