Иако секое годишно време е сезона за очила за сонце, сепак со првите летни температури многу почесто се зборува за овој практичен, но и естетски моден детаљ.

Секоја сезона ротираат различни трендови во однос на формите, боите, дезените  или големината, но основното правило според кое треба да се водите при изборот, а кое секогаш останува непроменлива константа е да си набавите очила што ќе одговараат на вашето лице, тен, како и практични потреби.

Секако, на вас останува и изборорт дали очилата ќе ги селектирате и според  цена или ќе барате квалитет кој пред се’ ќе ви гарантира заштита на очите.

Во селекцијата што ја направивме, ќе видите поголем избор на очила за сонце, такви со кружни и квадратни форми, дебели и тенки рамки, минималистички и артистичен дизајн, еднобојни или со принтови. Кој е вашиот избор?

 

Објавено:
6 мај 2015
Категорија: 
Модни додатоци