Ланчињата за нозе стануваат апсолутен хит: Набавете си едно уште сега!

19 септември 2013

Добро слушнавте. Ланчиња за нозе! Се предвидува дека истите ќе станат огромен хит следното лето, а добрата вест е тоа што ако многу ви се допаѓаат, можете да ги носите и во текот на зимата.

Ланче за нога

Ако Ријана и Мајли Сајрус беа предводнички на трендот – ланчиња за тело, Ванеса Хаџинс и Линдзи Лохан дефинитивно беа првите што ги открија ланчињата за нозе за кои се предвидува дека ќе предизвикаат вистинска хистерија кај трендесетерките следната сезона.

Доколку си набавите едно уште сега, истото може да го носите и преку хулахопки, без разлика дали носите кусо здолниште или куси панталони.

Што е уште подобро, супер шик и тренди ќе бидете и ако ланчето што ќе го набавите го ставите преку фармерките како моден додаток.

За која варијанта и да се одлучите, бидете сигурни дека нема да погрешите, бидејќи модниот свет му претскажува вистински успех на овој кул моден додаток.

Објавено:
19 септември 2013
Категорија: 
Модни додатоци