Таинствени, гламурозни и заводливи, на моменти кревки и со волшебен шарм. Ете такви се жените кои ги носат часовниците на брендот Jaeger-LeCoultre, зрачат со неверојатна елеганција и безвременска убавина.
И не случајно познатиот швајцарски изработувач на часовници ја избра актерката Дајан Кругер, како пример кој е сведок на еден типичен неодолив шарм и неверојатна женственост.
Од колевка до занает на високата класа, директно од долината на накитот или valle di Joux, па се до црвениот тепих, Jaeger-LeCoultre под влијание на голема страст,постојаност, упорност и верба покажа дека постои висока мода на рачни часовници.
Овој бренд реши десет од своите култни изработки на рачни часовници за жени повторно да ги редизајнира, како би го покажал нивниот бескраен гламур. Висок степен на техничка комплексност и подготовка, како и внимателно одбрани материјали резултираа со врвен квалитет, генијално мајсторство и софистицирана визија. Дека не може да си ги дозволи секој потврдуваат нивните перформанси, внимателната изработка, уникатноста и квалитетот на посебно одбраните материјали.
Првиот часовник или наречен Reverso Duetto Cordonnet е украсен со 1250 дијаманти, овој часовник има неверојатен изглед, кој е доказ на совршената техничка изработка и точната експертиза кои се само дел од критериумите со кои се одликуваат големите мајстори кои работат во фабриката на долината за накит (Manifattura della Valle di Joux). Инспириран од модел на часовник кој датира од 1936 година, совршено надополнет и дизајниран за да се вклопи во стилот на денешните модерни дами. Нежен арт-деко изглед и дијаманти, графички и математички вклопени во совршен баланс на она што е убаво и практично. Беше избран од страна на Дајан Кругер за да го носи на 6 мај на црвениот тепих во Њујорк.
Вториот пак е посебен, а еве и зошто. Неговото име е 101 Reine. Во 2012 година како бренд кој и е омилен на англиската кралица Jaeger-LeCoultre доби задача да изработи специјален подарок со кој ќе се прослави 60-годишното владеење на англиската кралица Елизабета II. Така се создаде специјално издание на часовник, кој кралицата го поседува од денот на нејзиното крунисување на 2 јуни 1953 година. Спектакуларен изглед, со механизам кој датира од 1929 година, часовник кој во себе крие тајна на едно време, на една ера, што прави да прерасне во предмет со сентиментално значење.
Jaeger-LeCoultre, уште многу години ќе важи за бренд кој дефинитивно ја промовираше високата мода кога се рачните часовници во прашање, благодарение на професионалниот пристап, долгите години работно искуство, посветеноста и одличните дизајни. Сите модели на часовници имаат своја приказна, свој белег, своја душа и свој свет. Сите припаѓаат некому, романтични, друштвени, лидери, директори, планинари, моќни жени, жени кои знаат како да бидат дами, кои знаат што е класа, жени борци, жени кои владеат со светот, вљубени жени, жени мајки...... жени со изграден карактер, со своја цел, успешни и убави. Погледнете ги овие ремек дела.