Кинеската дизајнерка на накит и амбасадор на Диор во Кина, Бао Бао Вен, е најновиот соработник на реномираната козметичка компанија MAC. Во месец март од претстојната 2015-година во 33 земји ширум светот ќе биде презентирана лимитираната колекција накит на дизајнерката, инспириран од богатите бои од козметичката палета на MAC. Бао Бао Вен за медиумите соопштува дека во колекцијата ќе се пронајдат многу жени.
-Јас сум многу конзервативна кога станува збор за боите на шминката. Најмногу ги сакам златните металик нијанси. Ја употребив логиката и сопственото естетско чувство и затоа не очекувајте интензивни бои во колекцијата. Сакав тоа да бидат основни тонови кои ќе одговараат на секоја боја на кожа, вели Вен.
Инаку, промотивните фотографии за рекламната кампања се изработени од фотографот Чен Мен.