Моделот на чевли со нагласен шпиц кои се врзуваат на долниот преден дел се производ на лондонскиот бренд Bionda Castana, а во последните неколку месеци нивните модели станаа дел од стајлингот на многу познати дами. Кејт Боссфорд ги носеше на презентацијата на апликацијата „Style Their“, Оливија Палермо кога се сликаше за насловната страна на магазинот „Brides“, а Черил Кол ги носеше на прославата на својот роденден.
Листата на ѕвезди кои носат модели од овој бренд не завршува тука, Зои Салдана и Ема Робертс се исто така заљубени во нив. Овој модел на чевли изнесува 800 долари, па предност е дека се произведени во повеќе бои за познатите ѕвезди да може да се разликуваат барем по изборот на нијансата.
Чевлите од Blonde Castana се дизајнираат во Лондон, но се произведуваат во Италија, можеби токму затоа се и толку популарни. Во продолжение, погледнете дел од моделите кои може да се најдат во понудата на овој бренд.