Моден додаток за префинети и сензуални дами

17 октомври 2014

Покрај тоа што привлекува внимание со единствениот изглед, часовникот „Хелена“ од колекцијата Hommage a Gustav Klimt со мотиви инспирирани од портретот Адел Блох Бауер, крие инспиративна и неодолива приказна. Односно таа била сопруга на банкарот Фердинант Блох Бауер. Во портерот тој ја прикажува како кралица, па уметниците од Freywille го искористија како инспирација за дизајн кој симболизира модерна, моќна, суптилна и таинствена жена.

Златните детали симболизираат богатство и сензуалност, а поставената црна основа создава префинета хармонија. За формата на часовникот, дизајнерите инспирацијата ја пронајдоа во преубавата Хелена од Античка Грција. Погледнете го часовникот и замислете ги комбинациите кои би сакале да ги комплетирате со него.

Објавено:
17 октомври 2014
Категорија: 
Модни додатоци