Brainwash ја наслика Лана Дел Реј во стилот на Густав Климт

20 август 2014

„Прекрасно дело Г-дин Brainwash. Едноставно, дефинирано и конкретно. Вашата работа е за восхит“, ова беше коментарот што пејачката и текстописец Лана Дел Реј му го упати на сликарот Тиери Гета а.к.а Г-дин Brainwash, по повод портретот што тој го наслика специјално за неа.

Сликарот Гета направил вистинско ремек дело претставувајќи ја Лана Дел Реј на платно, „заробена“ во златни рамки, со затворен поглед, лице кое е опкружено со милион спирали и мозаици, поставена во една од неговите иконски пози. Инспирацијата е целосно земена од познатиот австриски сликар и симболист Густав Климт. Делото е декорирано со бројни елементи совршено и внимателно изработени за да го спојат имагинарното поп движење со современата уметност, вметнувајќи му притоа притаена нишка на еден нов класицизам. Едноставно и прекрасно.

Г-дин Brainwash или уште познат како MBW е уметнички псевдоним на уличниот артист и филмски режисер Тиери Гета. Роден е во Лос Анџелес, и бил сопственик на продавница за облека. Неговиот роднина му ј всадува љубовта кон уличната уметност и Гета за кратко време еволуира во уметник кој воден од неверојатната техника на Густав Климт почнува да создава една поинаква улична уметност која е амалгам на повеќе техники и уметнички правци. Неговото залагање и успешно миксање на уметнички стилови резултира со нов бран на свежина и уметничка платформа која нуди можност за истражување на нови хоризонти во уметноста но и повторно афирмирање на веќе постоечките.

 

Објавено:
20 август 2014
Категорија: 
Култура