Моќна чанта која служи и како полнач за мобилен телефон

24 октомври 2013

 

Таканаречената  „моќна“ чанта е генијален моден аксесоар кој ја комбинира формата и функцијата на еден мошне инвентивен начин.  Полнењето на мобилниот телефон за многумина може да е вистинска мора, но сега со новиот изум кој го промовира оваа модерна чанта, повеќе нема да морате да се грижите за батеријата на вашиот мобилен телефон. Ова е одличен изум кој не само што е функционален и практичен, туку е и тренди моден додаток. Имено, чантата има вградено литиумско-јонски полимерни батерии со капацитет од 4000mAh, која може да ви овозможи два пати целосно да го наполните вашиот телефон. Полначот одговара на сите smart телефони и на iPhone.

 

 

 

Исто така во самата чанта има вградено 4 LED индикатор кој сигнализира колку напојување има во самата батерија на чантата, што е друга позитивна карактеристика, за да не бидете фатени неподготвени. Чантата е со димензии 20*12.5*2.5 и тежи околу 200 грама. Иако навидум изгледа многу мала сепак во неа покрај мобилен телефон USB полнач можете да си ставите и пари, картичка, кармин, па дури и огледалце. Мулти функционален пронајдок кој дефинитивно е сон на секоја девојка и жена.

 

 

 

Со оглед на фактот дека чантата е од суштинско значење за девојки кои постојано користат мобилен телефон , производителите мораа да понудат стилско и трајно решение. Моќната чанта е изработена од вистинска кожа и е достапна во неколку нијанси и бои со цел да се задоволат сите вкусови, потреби и желби на жените. Достапна е на firebox.com со цена од 84.99 фунти. На официјалниот веб сајт чантата е распродадена поради огромната побарувачка, но ако не ви се брза можете да се приклучите на листата за чекање.

 

 

Оваа чантичка е пример дека спојот на технологијата и стилот е интелигентно решение, кога станува збор за поседување на фенси и функционални модни додатоци.

 

 

Објавено:
24 октомври 2013
Категорија: 
Модни додатоци