Најпопуларниот веренички прстен на Пинтерест за 2017

9 јуни 2017

Пинтерест е широка креативна платформа, каде многумина бараат инспирација за различни сфери од секојдневното живеење.

Веројатно се сеќавате на објавите за најпопуларната венчаница за минатата година на оваа социјална мрежа, како и за најпопуларните трендови во облекувањето, уредувањето...

фото извор: ISTOCK/LATTAPICTURES

Овој пат, тимот на Пинтерест ја сподели веста за најпопуларниот веренички прстен за оваа година на нивната мрежа.

Се работи за едноставен дизајн во Арт-деко стил

Прстенот е изработен од розово злато, а во средината има дијамант во кружна форма од 1.22 карати.

Едноставноста во дизајнот е она што освојува кај овој прстен, со што уште еднаш се покажа дека „помалку е повеќе“.

фото извор: Pinterest

Инаку, честа да го носи ја има Силвија Билион, која всушност и дизајнира прстени, а и овој е нејзина креација. Откако го ставила на Инстаграм, прстенот е споделен, односно „пинуван“ преку 104.000 пати.

фото извор: Pinterest

За разлика од минатата година, има драстичен скок во стиловите. Лани пак, најпопуларниот прстен беше изработен од бело злато со скапоцени камења и гравури, а неговата цена изнесуваше 4.300 долари.

Инаку, пред да ги споделат податоците за свршеничкиот прстен, од „Пинтерест“ споделија и кои се најпопуларните деверици со преку 170.000 „пинувања“.

Погледнете ги: 

фото извор: Daily Mail

Објавено:
9 јуни 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.393 пати