Колекцијата со наслов „Luxury Snake"  е составена од три класични модели на Адидас патики со додаток на змиски принт за сезоната есен – зима 2014/15 година. Новата колекција е составена од два високи модели на патики Bankshot и Top Ten Hi, како и познатиот низок модел за трчање ZX 6000 со најистакната комбинација на принтови и додаток на жолта, црвена и минт зелена боја.

Моделите кои всушност се модерна класика се претставени со помош на уличен лукбук  кој дополнително ја нагласи нивната кул страна, а понудени се и модни парчиња кои може да ги комбинирате со нив.

Објавено:
22 јули 2014
Категорија: 
Модни додатоци