Нови модели Најк патики кои се идеални за студената зима
•
9 октомври 2014
Американската спортска етикета Најк ви ги претставува најновите модели машки и женски патики кои се совршени за тековната сезона како и за зимата која следи. Патиките најчесто откако ќе падне снег ги оставаме на полиците за некои суви денови без дожд и снег, но токму овие модели ќе се вклопат и во тие денови без никаков проблем.
Тие се весели, шарени и кул, инспирирани од веќе постоечките модели, само редизајнирани. Повеќето од нив дури наликуваат и на чизмички, така што многу лесно може да се комбинираат со секојдневните кежуал комбинации.