Ова се чизмите што ќе бидат хит во 2019 – тата

19 декември 2018

Секоја сезона на модната сцена се појавува ново парче што девојките го обожаваат и станува хит на социјалните мрежи за кратко време.

Се чини дека на девојките никогаш нема да им здодее животинскиот принт, па голем дел од парчињата облека и модните додатоци за кои се вели дека ќе бидат хит следната година, се токму во тој стил.

Во последно време можеме многу често да ги забележиме популарните трендсетерки во овие хит чизми на модната куќа Клое, токму во овој принт.

Овие чизми беа дел од пролетната колекција на брендот за 2018 – тата година, но се чини дека својата вистинска популарност ќе ја доживеат следната година.

Истите ги создаде дизајнерката на брендот Наташа Ремзи Леви, а досега можевме да ги видиме на популарните дами како Сиена Милер, Маргот Роби и Криси Тиген.

Инаку, станува збор за модел на чизми до глуждовите, со ременчиња и врвки, на мала потпетица и со впечатливи сечени делови од страните.

Можете да ги најдете во неколку бои, а иако малку потсетуваат на чизми од вестерн филмовите, сепак се ултра популарни и тренди.

Токму за овој модел со змиски ефекти се очекува да биде најбараното модно парче во 2019 кога се чевлите во прашање.

Инфо: Elle.rs

Фото: Lyst, Chloe, Pinterest

Објавено:
19 декември 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
922 пати