Овие аксесоари дефинитивно ги разубавија париските улици

30 септември 2014

Париската модна недела е пред самиот крај, но ако пистите речиси го исполнија распоредот, улиците низ Париз сигурно и понатаму ќе продолжат да пулсираат со најсилни модни вибрации. Не дека кога нема модно случување парижани не умееат да изненадат како со оригиналните стајлинзи и додатоци, туку за време на модната недела нивната селективност е посебно нагласена. Високите потпетици, превезоците, чантите и накитот едноставно го одземаат здивот, а тоа е така бидејќи модните вљубеници кои ги преплавуваат улиците, секогаш го избираат најдоброто што во никој случај не останува незабележано од дежурните улични фотографи.

Од богатата галерија во продолжение имате можност да погледнете урбани, шарени и уникатни аксесори, комбинирани на специфичен начин што дополнително го „зачинува“ шармот на Париз за кој придонесуваат многубројните трендсетери, манекенки, актерки, блогерки и пејачки. Генерално земено меѓу најпосакуваните во однос на чантите се оние на Шанел во разни форми и текстури, а за разлика од останатите модни метрополи во Париз наместо удобните и рамни обувки, случај се елегантните високи потпетици.

 

Погледнете за што точно говориме и визуелизирајте го шаренилото на најубавите аксесоари.

Објавено:
30 септември 2014
Категорија: 
Модни додатоци