Печатот на модните додатоци на ревијата на Вествуд во Будва

3 јуни 2014

Креативноста што ја поседува британската дизајнерка Вивиен Вествуд може да се согледа од повеќе сегменти. Кај неа не е впечатлива само облеката, туку и модните додатоци. Панк влијанието се гледа и во аксесоарите, а волуменозните, гломазни чевли се исто така еден од нејзините препознатливи знаци. Исто така, оваа дизајнерка секогаш посветува внимание и на шминката, па така кога гледате нејзина ревија добивате комплетен изглед, односно можете да ја доживеете приказната што сака да ја раскаже.

1

Така беше и на ревијата во Будва што се одржа изминатава сабота. Претставувајќи ја најновата предпролетна колекција за 2015, како и специјалниот избор на креации во вториот дел од претставувањето, Вивиен покажа различни модни изрази, но сепак сите проткаени со нејзина препознатливост.

Тимот на Fashionel успеа да влезе во бекстејџ и одблиску да ги види модните додатоци, шминката, фризурата и се она што ја сочинува една ревија.

5

Накитот беше комбинација од панк елементи и Викторијанскиот период, што воедно беше исто така една од инспирациите на дизајнерката. Многу украсни камења, мониста, светкави парчиња, обетки од жица, ѓердани, алки...

Како што и погоре споменавме, особено внимание привлекуваат чевлите. Огромната потпетица и платформа ги прават впечатливи, а ваквата естетика дизајнерката ја практикува уште од 1973 година. Овој пат, најзастапени беа леопард принтот на чевлите и златната боја.

14

Вртоглаво високите платформи создаваа една нова димензија во светот на Вествуд. Или ви се допаѓаат и би ги носеле како доволно ексцентричен моден детаљ дури и во наједноставниот изглед, или не би ги носеле, трета опција нема.  Помеѓу минатото и иднината од нејзините линии, чекорот е на екстремни платформи кои само повремено се заменуваат со ниските сандали-гладијаторки. И тоа може да избирате помеѓу чизми до глужд во земјени нијанси па се до отворени сандали со животински принтови или такви обоени со огледални метални бои.

15

Раскошноста на креациите покрај на богатите и ексклузивни материјали дефинитивно им се препишува и на пердувите како избор на детали.  Фустаните, здолништата и наметките во кои беа комбинирани и пердуви како да лебдеа на сцена, танцуваа при брзиот движечки ритам на моделите.

IMG_5640

Машките комбинации беа комплетирани со кожени челви и познатата mountain hat, која стана мошне популарна откако Фарел Вилијамс се појави со неа. Потоа го следеа Ана Дел Русо и уште бројни модни инсајдери. Очигледно, не се само платформите високи... Популарната шапка е комбинирана буквално во различни визуелни игри: од класичен, формален изглед кој вклучува слоевити комбинации, како на пример, одело со кошула и елек, до една дијаметрално спортска варијанта во сафари стил.

IMG_5011-3

Од друга страна, косите на манекенките беа украсени со цветни венчиња, со уште еднаш се потенцираше на флоралната тема за предпролетната колекција. Дека и во модните додатоци ја има пораката за климатските промени говорат и стегачите.

IMG_5696-2

7

Секако, тука не е крајот на листата на додатоци. За да се заокружи приказната на еден стајлинг беа искористени и ремени, пеперушки, чанти, копчиња... Во продолжение погледнете што успеа да пренесе објективот на Fashionel на ревијата на Вествуд во Будва.

Објавено:
3 јуни 2014
Категорија: 
Модни додатоци