Со стартот на последниот месец во годината декември, започна и потрагата по луксузни подароци за претстојните празници. Модните куќи и брендови веќе ги лансираа своите најнови празнични колекции. Култниот Луј Витон како што впрочем и му доликува на бренд од светски рамки своите обожаватели ги држеше во неизвесност до пред само некој ден кога и официјално на онлајн сајтот ја презентираше својата магична празнична колекција на модни додатоци и накит. Луксузната линија носи наслов „Every gift begins with a wish“.
Блескавата колекција вклучува накит со златен сјај, чанти, паричници, чевли, часовници, шалови и многу други изненадувања. Она што е интересно е дека во оваа линија се вклучени и неколку неверојатни парчиња од есенската колекција за 2014 година и ресорт колекцијата за 2015 година.
Особено впечатливи се малите клач – чанти декорирани со златни и сребрени детали во сина и црвена боја. Накитот е изработен од злато во розов сјај, а во однос на дизајнот се одликува со едноставна линија и минималистички изглед, што го прави ефективен и моќен.
Господа, не чекајте и изненадете ги вашите понежни половини со некои од овие уникатни модни додатоци!