Салонките од Маноло Бланик се безвременска класика

8 март 2014

Ретко која дама може да одолее на магичните чевли кои Маноло Бланик ги создава, а оваа пролет во фокус повторно ги враќа препознатливите салонки со шпицест врв.

Бидејќи чевлите се слаба точка на секоја жена,  дизајнерот се погрижил да ги задоволи сите вкусови. Токму затоа пролетната колекција е богата во однос на нијансите. Односно преовладуваат модели во пастелни нијанси, во златна и сребрена боја и за оние кои сакаат впечатлив изглед – чевли со јака нијанса, односно циклама, црвена, жолта и сина.

Објавено:
8 март 2014
Категорија: 
Модни додатоци