Сара Џесика Паркер лансираше нова колекција чевли!

18 април 2015

Конечно, нашата и ваша омилена трендсетерка Сара Џесика Паркер ја лансираше новата колекција чевли за прв пат промовирана во Лас Вегас, Невада.

На промоцијата на колекцијата како што и сите очекуваа, таа се појави во две тотално шик изданија составени од супер кул парчиња.

Облечена во едноставни фармерки и свилена кошулка во пруги, а потоа и во комбинација со неодолив животински принт, на присутните таа повторно им понуди одлична палета на бои и модели какви што само таа знае да создаде.

„Ова беше неверојатен ден во Вегас. Толку многу се забавував со сите вас, едвај чекам да се видиме повторно. Им благодарам на сите кои што учествуваа во создавањето на оваа колекција и луѓето од Вегас што секогаш се толку гостопримливи“, напиша актерката на својот Инстаграм профил каде објави и неколку фотографии.

Таа посочи и дека оваа колекција е целосно инспирирана од колоритниот Вегас и дека истата ќе може да се најде ексклузивно низ продавниците на Zappos Couturе со кои всушност и соработуваше на создавањето на истата.

Во моментов, покрај создавањето на шик чевли, таа работи и глуми во новата одлична комедија едноставно наречена Divorce.

Објавено:
18 април 2015
Категорија: 
Модни додатоци