Скулптурална уметност инспирирана од оперската певица Лина Кавалиери

14 март 2014

Познатата италијанската оперска певица Лина Кавалиери од почетокот на 20-от век, е инспиративниот лик кој поттикнал цел уметнички правец во скулптурството на славниот скулптор, графички уметник и сликар Пјеро Форнасети.

Тој го „искористил“ нејзиниот лик како инспирација за изработката на разновидни предмети и украси, како керамички садови, тапети за ѕид, подлоги за миризливи стапчиња, чаши, шолји за чај, табакери, главно наменети за домашен декор. Неговата традиција на работа преку која го слави ликот и делото на значајна личност во историјата го продолжува неговиот син Барнаба.

Лина Кавалиери долго време била муза на овој прочуен скулптор. Таа своето деби го имала на париската оперска сцена во 1900 година. Важела за сестрана личност која била активна на повеќе полиња: имала свој козметички салон во Париз, објавила книга, играла во неколку филмови, а работела и како волонтер во Втората светска војна. Загинала трагично во бомбашки напад во 1944 година.

Нејзината посебна убавина и специфичниот лик ќе остане трајно овековечена благодарение на креативниот пристап и дизајн кој го користел Форнасети.

 

Објавено:
14 март 2014
Категорија: 
Модни додатоци