Доколку редовно ја следите светската модна улична сцена, сигурно сте ги забележале впечатливите ѓердани на овој бренд, кои редовно ги „украсуваат“ стајлинзите на славните посетители на модните недели.

Италијанскиот дизајнер Ек Тонгпрасерт и дизајнерката на накит Пасама Санпачајапонг во 2008 година ја започнуваат заедничката модна приказна, креирајќи накит кој за кратко време стана омилен аксесоар во елитните модни кругови. Новитет од модниот бренд се уникатните, масивни ѓердани кои се изработени од скапоцени камења, а некои од нив се и со кристали од Сваровски и токму затоа цената им е над 700 евра. Сепак, убавата и квалитетна изработка придонесе голем број модни трендсетери да се вљубат во парчињата накит на Ek Thongprasert, а дел од нив се Мирослава Дума, Наташа Голденберг, Елса Налин и многу други.

Објавено:
7 октомври 2014
Категорија: 
Модни додатоци