Уште една креативна „рунда“ аксесоари низ париските улици
•
6 март 2014
Градот каде љубовните приказни имаат среќен крај, градот кој ве разгалува со звуците на Марсељезата, каде кроасаните имаат посебен вкус, а романтичните пловидби низ реката Сена се обоени во неверојатна магија, градот чија панорама е осветлена од Ајфеловата Кула, Париз, покажа зошто гордо го носи епитетот на модна престолнина.
Во уличната мода аксесоарите се главниот адут на посебност. Тоа добро го знаат главните протагонистки на уличната мода во Париз, па затоа акцентот го стават токму на впечатливите чанти, чевли, накит и другите аксесоари.
За сите модни фанатици, еве дел од највпечатливите аксесоари кои дефинитивно ќе го „растреперат“ вашиот моден пулс: