Жените и чевлите: Колку купуваме, а колку реално носиме?

15 јули 2021

Низ годините, направени се повеќе истражувања на тема жените и чевлите, насочени кон тоа колку жените купуваат чевли, а колку реално носат.

Досега објавените податоци варираат од 17 до 39 пара чевли, зависно од земјата во која е направено истражувањето.

Сепак, статистиките покажуваат дека жените во Европа се поголеми обожавателки на чевлите отколку Американките. 

Но, без разлика во кој дел од светот се наоѓаат, постои еден заеднички податок кој ги обединува - жените денес поседуваат повеќе чевли отколку што тоа било случај во 2010.

На пример, анкетите од 2007 година покажуваат дека Британките имале 19 пара чевли (во просек), додека пак анкетите од 2019 година велат дека просечна Британка има 39 пара чевли.

Секако дека бројот на чевли зависи од испитаниците, нивниот моден вкус и секако платежната моќ, но сепак се показател и за модната слика на една нација. 

Исто така, споредбените истражувања од различни години покажале дека жените се подготвени да трпат за убавина. На пример, повеќе од 50% велат дека би купиле чевли дури и да не им се најудобни, им предизвикуваат плускавци или едноставно ги болат нозете. 

Иако жените во просек поседуваат повеќе 20 (или повеќе) пара чевли, во просек носат само 5 пара. исто така, 86% од жените поседува чевли што никогаш не ги облекле!

Се препознавте ли во некој од податоците :) ?

 

Објавено:
15 јули 2021
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
719 пати