15 фантастични реинтерпретации на стилот на Лејди Ди во серијата „Круна“

23 ноември 2020

Ако досега не сте станале обожавател на серијата „Круна“, шансите тоа да станете во четвртата сезона се големи.

Имено, досегашните три сезони беа проследени со неверојатно внимание, но изгледа сепак најновата, четврта ги надмина очекувањата.

Појавувањето на Маргарет Тачер, улога која ѝ припадна на Џилијан Андерсон која покажа фантастично актерско умештво, но уште повеќе појавувањето на Лејди Ди, која ја толкува младата Ема Корин, беа доволен повод за многумина да посакаат да ја гледаат серијата.

Ние пак, се фокусиравме на модата. Костимографката Ејми Робертс, мошне позната и наградувана (лани освои Еми за најдобра костимографија токму за серијата „Круна“), се погрижи и преку облеката да ја „оживее“ Дајана.

Таа направи фантастични реинтерпретации на стилот на омилената принцеза, а дел можете да ги погледнете и во продолжение:

Пуловер со V-израз и плисирано здолниште

 Комбинација која во серијата, Ема Корин како Лејди Ди, ја носи откако папараците ќе дознаат дека таа е новата девојка на принцот Чарлс. Пуловер со V-израз преу кошула и плисирано здолниште е комбинација која се најде на насловните страни на магазините, особено бидејќи здолништето ги потенцираше нејзините нозе, кои се гледаа преку ткаенината.

 

Жолт комбинезон и шарени дезени

Во јули 1981 година, Дајана се појави на поло натревар, во кој учествуваше и Чарлс, а одбра удобна, но и впечатлива комбинација. Жолт комбинезон со цветна кошула со јака од тантела е моден избор кој прилега на млада девојка. Во серијата, костимографката ја збогати комбинацијата со кардиган со везени шари.

Кариран фустан

Во серијата овој кариран фустан во топли тонови кој Дајана го носи во раните 80-ти е реинтерпретиран во потемни тонови, но подеднакво изгледа фантастично.

 

Стајлинг за објавување на свршувачката

Совршена реинтерпретација на стајлингот на Дајана при соопштувањето на свршувачката. Син костум, со кошула со принт со птици е стајлинг на принцезата кој навистина се памети.

 

 Црвениот фустан со точки

Лејди Ди го носеше фустанот на премиерата на филмот за Џејмс Бонд - „Just for your eyes“ во 1981 година. Се работи за креација од британското ателје „Bellville Sassoon“. Изгледа навистина ѝ се допаѓал, бидејќи одлучува да го облече уште еднаш, следната година, при посета на „Royal Opera“. Носењето иста креација два или повеќе пати, што денес се сметаа за одличен гест и пример, Дајана го применувала уште од самиот почеток од нејзиното присуство во кралското семејство. Овој стајлинг е во шестата епизода од серијата, а Ејми Робертс се потрудила автентично да ја претстави креацијата. 

Фустан со „liberty“ принт

Вака во модните кругови се нарекува овој фустан кој Дајана го носи неколку дена пред нивната венчавка, на пробата церемонија во катедралата „Сент Пол“ во Лондон. Костимографката направи идентична реплика на фустанот, во кој Ема Корин како Лејди Ди, се појавува во третата епизода од серијата.

 

Венчаницата

Веројатно не постои друг момент во серијата кога навистина ќе помислите дека ја гледате Дајана, иако Ема Корин успева фантастично да го претстави и нејзиното држање, поглед, има идентична фризура. Сцените во венчаницата се магијата. Оригиналниот фустан е дело на британските дизајнери Дејвид и Елизабет Емануел. Костимографката Ејми Робертс ја работела репликата според нивните шнитови. 

„Имав десет луѓе кои ми помогнаа да ја облечам, бидејќи е голема и тешка. Кога се појавив, сите занемеа. Фустанот е во целост принцезата Дајна, во буквална смисла на зборот“,  вели Ема Корин за моментот кога во венчаницата се појавила на сетот. 

Инаку, фустанот се работел четири месеци. Потребни биле 95 метри материјал, 100 метри тантела и преку 600 часа работа.

 

Во продолжение погледнете уште неколку фантастични реинтерпретации на стилот на принцезата, а во интерпретација на Ема Корин:

 

 

 

Објавено:
23 ноември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.206 пати
Извор: 
elle.com