2014 – уште една година на гламур за Ели Сааб

13 јануари 2015

Ели Саб е дизајнер кој жените го обожаваат поради неговата способност секоја тоалета да ја направи достојна, за секоја жена да може да се чувствува префинето, елегантно и женствено додека ја носи.

Мајсторот на couture и вечерни тоалети кој секоја сезона изгледаат мошне слично имаат препознатлив печат и најчесто потсетуваат на секогаш актуелниот принцес стил. Освен на писта, фамозните креации потпишани од легендарниот Ели Саб, изминатата година беа мошне популарни на глобално ниво па можеа да се забележат на страниците на дел од најпознатите списанија, беа земени како стајлинзи за изработка на различни фотосесии, а моделите ги носеа со леснотија и со уживање позираа во нив.

Направивме кратка ретроспектива на најпопуларните и најубавите фустани на Еле Саб кои ја имаа честа да ја одбележат годината и да бидат уште едно нов модно поглавје во книгата која диктира, гламур, софистицираност и грациозност.

Објавено:
13 јануари 2015
Категорија: 
Сцена