Адел одби 12 милиони фунти од Лореал

11 ноември 2013

Изминатите неколку месеци се водеа преговори меѓу козметичката куќа Лореал и популарната пејачка Адел, а главната цел беше таа стане заштитно лице на истиот. Но, во најновото соопштение на Лореал се истакнува дека пејачката ја одбила соработката.

-Преговорите траеа со месеци, а на Адел и беа понудени 12 милиони фунти. Таа ненадејно рече дека не е заинтересирана, се наведува во соопштението.

Адел неколку пати напомнала дека не сака да се „продава“, односно не сака своето лице или глас да го позајми за било кој бренд. Сумата која Лореал ја понуди очигледнo била доволна таа да размислува подолго време, но сепак  остана доследна на себе. Инаку, освен Лореал за заштитно лице ја бараат и Диор и  Еste Louder.

Објавено:
11 ноември 2013
Категорија: 
Сцена