Адријана Лима заведува во календарот на LOVE

25 декември 2014

Адријана Лима е новото секси лице во календарот за 2015 година на онлајн магазинот LOVE. Ангелот на Викторија Сикрет, со својот сексапил го маѓепса објективот на Даниел Џексон кој направи одлични црно – бели видео кадри. 33 – годишната манекенка со својата природна убавина и сензуални движења облечена во црн костим за капење на Филип Плејн, пуштена коса, продорен поглед  и одлична фигура, танцува и на еден мошне женствен начин ја заведува камерата, која успешно го лови секое нејзино движење.

Имено, моделот неодамна настапи на официјалното шоу на Викторија Сикрет, каде заедно со бразилската убавица Александра Амбросио ја имаа честа на писта да се појават облечени во блескавите градници „Fantasy Bra“ чија вредност изнесува два милиони долари.

„Откако родив, моето тело претрпе навистина големи промени, меѓутоа јас сериозно работам на тоа да го одржувам постојано во форма. Со оглед на фактот дека во ова видео, позирам во костим за капење и посветив и големо внимание на кожата. Оваа прилика ја користам да му се заблагодарам и на целиот тим со кој го изработивме календарот, се надевам дека ќе уживате“, вели Лима во изјавата за американското списание US Weekly.

Објавено:
25 декември 2014
Категорија: 
Сцена