Алек Болдвин во годишниот календар на Zeiss за 2014

18 декември 2013

Фотографката Мери Мекартни, ќерка на Пол Макартни и неговата прва жена, петта едиција по ред фотографира за годишниот календар на интернационалната групација Ziess, а со таа цел за претстојната 2014 година пред нејзиниот објектив застанаа шармантиниот ветеран Алек Болдвин и британската актерка Гема Артертон и заеднички направија црно-бела приказна која ги спојува копната преку Атлантикот.

„Нивната релација не може точно да ја прецизирате. Се е оставено на имагинација. Целта е да изгледа филмски и да го спои нејзиниот британски изглед со неговиот темперамент кој тотално припаѓа на Њујорк, градот каде впрочем во еден ден се фотографираше календарот“, го објаснува амбиентот на својот последен ангажман, Макартни која меѓу другото е првата жена-фотограф, чија фотографија е избрана за насловна на магазинот Ролинг Стоунс.

Календарот е насловен „Моменти од градот“ мислејќи пред се на бројните лица на Њујорк, од турболентниот живот на улица до совршениот „зен“ во музеј.

Мери Макартни

 

Објавено:
18 декември 2013
Категорија: 
Сцена