Амал Клуни: Згодна или преслаба?

8 мај 2018

Актерот Џорџ Клуни викендов во Њујорк го прослави својот 57-ми роденден, секако во друштво на сопругата Амал Клуни. 

Каде и да се појават, тие го привлекуваат вниманието, а и овој пат не беше поинаку. Изгледот на Амал (40) секогаш е предмет на коментирање и најчесто позитивно. Но, овој пат забелешките отидоа на сметка на нејзината килажа.

Џорџ ѝ парираше во комплетно тегет комбинација, но не доволно впечатлива за да го сврти вниманието кон себе.

За роденденот на сопругот, Амал облече кус комбинезон, во тегет нијанса. Едноставната креација ја надополни со златен ремен и клач во истата нијанса, а сандалите од Џими Чу се во беж нијанса.

Комбинацијата е беспрекорна и во целост ја нагласи нејзината витка фигура, поради што многумина прокоментираа дека можеби е витка и повеќе одошто би требало.

Од друга страна, постојат и такви што велат дека е неверојатно згодна, особено ако се има предвид дека пред година дена родила близнаци. 

На роденденската вечера присуствуваа и нивните најдобри пријатели, Синди Крафорд и Ренди Гербер, па на социјалните мрежи кружеа коментари со кои се споредуваа двете познати дами. Имено, моделот (52) се појави во црн тесен фустан во кој ги истакна своите облини. 

Какви се вашите впечатоци?

 

фото извор: popsugar.com; eonline.com; vogue.com; 

Објавено:
8 мај 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.586 пати