Ана Винтур некогаш се смееше и не ги носеше истите чевли

2 септември 2014

Госпоѓата Ана Винтур е уредничка на престижниот Вог уште од далечната 1988 година, а во период кога треба да почне њујоршката модна недела каде таа секако ќе се позиционира од првиот ред, правиме ретроспектива на тоа како таа изгледаше во периодот на 80-тите и 90-тите.

1991 година 1991 година

 

Речиси половина век Ана зад своите големи црни очила ги следи ревиите, но не секогаш  на себе имаше класични стајлинзи, неутрални бои и исти чевли. Највлијателното име во модната индустрија некогаш беше бринета, носеше ведри и колоритни стајлинзи, а многу повеќе покажуваше и широка насмевка.

1999 година 1999 година

Сега, иако поседува доволно моќ и капитал секојдневно да прави промени со сопствениот изглед, Г-ѓа Винтур останува доследна на едноставноста, русата „боб“ фризура, и класичните чевли во бежова нијанса од кои никогаш не се дели.

Низ годините наназад меѓу еден од највпечатливите шарени стајлинзи на Ана е токму мини фустанот  во боите на виножитото, кој таа го носеше за време на њујоршката модна недела во 1990 година.

Во тој период светкавите текстури беа чест избор на познатата уредничка, а ниту џинс фармерките не беа исклучок од нејзините стајлинзи.

 

Сепак, дека таа остана доследна на своите модни ставови и принципи, е доказ константната фризура која претрпе само промени во бојата и малку од должината. На крајот на краиштата тоа е Ана Винтур и таа може да си дозволи што сака.

 

Објавено:
2 септември 2014
Категорија: 
Сцена