Белиот костим на Џон Траволта од Saturday Night Fever оди на аукција

12 април 2023

Култниот филм, Saturday Night Fever, во којшто Џон Траволта ги воодушеви сите со своите танцувачки способности, беше прикажан во 1977 година.

Она што беше неверојатно е неочекувано огромниот успех на филмот, со оглед на фактот што се работело со ограничен буџет, до тој степен што дел од парчињата што ги носеле актери биле лично нивни.

Сепак најпрепознатлив беше белиот костим во три дела што го носеше Тони Морено, ликот на Траволта.

Американецот со италијанско потекло стана култен филмски лик и симбол на цела генерација. Saturday Night Fever создаде една нова естетика што влијаеше на сите диско танчари во тоа време.

Зад дизајнот на костимот стои Патрициа вон Брандештајн која што го создаде со многу малку пари, но со одлична замисла.

Првично бојата за костимот била црна, но сепак на крајот се одлучиле за бела боја.

Целта на Патриција беше да му даде една поголема димензија на Тони Морено, кој е прикажан како личност која не може да си ги контролира емоциите.

Таа сакаше да го го облагороди со способност да се справи со сета површност во неговиот живот.

Еден од костимите што актерот ги носеше во филмот (беа вкупно два) ќе биде продаден на аукција што ќе се одржи во Калифорнија на 22-23 април, за време на продажбата наречена Hollywood: Classic & Contemporary.

Неговата вредност се проценува на околу 200.000 долари.

Фото: Pinterest

Објавено:
12 април 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
96 пати