Ресторан-кино во Лондон ја послужува истата храна од филмот што се прикажува

1 април 2023

Технологијата веќе ни овозможи да почувствуаме дожд, ветер и мирис додека гледаме филм во кино. Следно на менито е вкусот, а еден ресторан-кино во Лондон веќе го направи тоа.

Taste Film на своите гости им нуди незаборавно искуство, да ги пробаат јадењата што актерите ги јадат во филмот што се прикажува.

Она што е навистина неверојатно е тоа што гостите јадат во исто време со актерите на екранот.

Храната или пијалокот се послужува во моментот кога и актерите почнуваат да јадат, така што честопати гостите пробуваат повеќе различни специјалитети додека трае филмот.

На репертоарот на Taste Film се нашле јадењата од многу популарни филмови меѓу кои Saturday Night Fever, Home Alone, Pulp Fiction, Ratatouille, Willy Wonka & the Chocolate Factory, Clueless и други.

Навистина креативно мора да признаеме, па ако ве носи патот накај Лондон, ставете го Taste Film на вашата to do листа.

Фото: Instagram

Објавено:
1 април 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
445 пати