Безвременски и влијателни машки модни икони

16 август 2013

Познат по својата едноставност, тој ја претвори белата обична маичка во комбинација со класични панталони  во една од најпопуларните стајлинзи. Со задолжителниот брилјантин во косата, цигара во устата и црни Реј-бан очила, својот стил Џејмс Дин едноставното го претвори во модерен стандард.

Кралот на гранџот во 90-те, фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн, со искинатите фармерки, старки  и валканите маички , не ги направи само прифатливи туку ги претвори во тренд кој во модниот свет остави длабока трага. Познат по своите кружни бели очила, како на Џеки О, Курт е стилска икона што заслужено се најде во оваа листа.

Пабло Пикасо го зацврсти францускиот морнарски изглед, применувајќи го на себе, а со тоа понатаму го инспирираше и Жан Пол Готје.

Џим Морисон ја отвори вратата на тесните кожни панталони, кои кога ги облече станаа задолжително парче облека во „рок енд рол“ светот.

Неговата стилска еволуција беше огромна, членот на Битлси, Џон Ленон преку својот изглед се изразуваше исто онака доминантно како и преку својата музика. Оваа фотографија ја претставува неговата љубов кон Њујорк во време кога сакаа да го депортираат. Неговите кружни очила и денес се моден хит и не ги викаат без причина „Ленонки“.

Легендарниот Кери Грант својата модна инспирација ја црпеше од Фред Астаиреа. Сепак, својата еднобојна естетика ја градеше преку беспрекорно совршените костими со уредно спуштена јака. На тој начин своите маани ги претвори во стил, на начин што ниеден актер пред него не направи.

Познат како вистински господин од југот, Кларк Гејбл  почна тренд на не носење поткошула, а со тоа запре и нејзината честа употреба во секојдневието.

Како обожавател на бендот уште пред да им се придружи, Сид Вишес ги запозна  Sex Pistolse пред  но и зад сцената. Познат по мартинките, искинатата  маичка , моторџиска јакна и супер тесните фармерки, Сид направи револуција во тогашната панк сцена, како преку имиџ така и преку став.

Целокупната нација не беше заслепена само од неговите неодоливи песни и движења. Ги заслепи и неговиот опуштен, а сепак индивидуален приказ на она што е. Елвис Присли, влијаеал а и сеуште ќе влијае како инспирација во модниот свет.

Објавено:
16 август 2013
Категорија: 
Сцена