Биби Рекса: Дизајнерите не сакаат да ме облекуваат бидејќи сум била дебела

22 јануари 2019

Популарната американска пејачка Биби Рекса годинава е номинирана за дури две Греми награди за одличните песни што беа хит минатата година.

Подготвувајќи се за церемонијата, нејзиниот тим се обидел да го најде совршениот фустан за неа, но поголемиот број дизајнери ја одбиле бидејќи пејачката била „голем број“.

Инаку, пејачката носи конфекциски број 8 или што кај нас би било еднакво на големина М, што веројатно знаете дека е нешто сосема нормално.

Пејачката им се обрати на дизајнерите на нејзиниот Инстаграм профил и им упати критики и пцовки бидејќи сметаат дека таа е голема и поради тоа не можат да го најдат соодветниот фустан.

„Извинете, но морав да го симнам ова од градите. Ако не ви се допаѓа мојот стил или мојата музика, тоа е една работа. Но, никогаш не ми велете дека не можете да облечете некој бидејќи не изгледам како девојките од писта. Конечно ме номинираа за Греми и тоа е најкул нешто што ми се има случено. Мојот тим контактираше многу дизајнери и голем дел од нив не сакаа да ме облекуваат бидејќи сум била многу голема. Ако број 8 (М) е големо, тогаш не знам што да ви кажам. Тогаш, не сакам да ги носам вашите фустани. Тоа е лудо. Вие кажувате дека сите жени во светот кои носат брј 8 не се убави и не можат да ги носат вашите фустани“, рече пејачката во видеото на Инстаграм.

Таа додаде дека денеска сите мора да ги охрабруваат жените да си го сакаат своето тело и да не ги ограничуваат со броеви.

„Ние сме убави во сите големини. Без разлика дали сме мали или големи. И да, мојот задник со број 8 сè уште оди на Греми наградите“, напиша таа под видеото.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Bebe Rexha (@beberexha) onJan 21, 2019 at 9:44am PST

Досега, таа има соработувано со познатиот дизајнер Кристијан Сириано кој прави облека за сите жени со различни броеви, но ова не е прв случај пејачка или актерка да се пожали дека дизајнерите не сакаат да ги облекуваат поради тоа што се малку поголем број од она на што тие се навикнати.

Останува да видиме што пејачката ќе облече на 10 февруари кога и треба да се случат Греми наградите.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
22 јануари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.419 пати