Боемска бајка со Кира Најтли раскажана во The Edit

1 ноември 2014

Неодамна се воодушевувавме на нејзините авангардни портрети во The Guardian, за следно повторно да не' изненади британската актерка Кира Најтли со одлична фотосесија за магазинот The Edit.

Во современата боемска бајка, една од најуспешните актерки на денешницата владее со објективот на фотографот Дејвид Белимер облечена во лелеави, ноншалантни фустани претежно изработени од фина тантела и со романтични принтови.

Меѓутоа, во интервјуто за магазинот таа зборува за теми кои се далеку од „светот на бајките“ и акцентот го става на биолошкиот часовник на жените, нивните години и улогата на мажите во нивниот живот.

Во интервјуто Најтли изјавува: Кога имам ваков совршен фустан, принцот во основа и не е неопходен.

 

 

 

Објавено:
1 ноември 2014
Категорија: 
Сцена