Прекрасната војвотка Меган Маркл е на турнеја во Австралија со нејзиниот сопруг, принцот Хари,  каде и официјално ја објавија веста за нејзината бременост што наиде на воодушевување кај нивните обожаватели.

Иако не се знае точно во кој месец од бременоста е, таа изгледа подобро од кога и да, а за ангажманите за време на турнејата одбира неверојатно стилски парчиња кои ѝ прилегаат совршено.

Во моментов, тие се наоѓаат на островите Фиџи каде ќе останат неколку дена, по што ќе ги посетат Нов Зеланд и Тонга и повторно ќе се вратат во Австралија.

На приемот во Фиџи војвотката се појави во прекрасен долг син фустан со кој очигледно сакаше да им оддаде почит на домаќините со изборот на бојата.

Истиот таа го комбинираше со темно сини чевли и впечатливи дијамантски обетки и брановидна фризура.

Подеднакво шармантна беше во колоритниот свилен фустан на преклоп со шарени топчиња на врвките кој таа го комбинираше со сандали на плута и цветен детал во косата, со што повторно ги освои мештаните кои забележаа дека војвотката многу внимателно ги одбира парчињата.

На официјалниот прием на двојката во Фиџи, Меган се одлучи за едноставен бел фустан со должина до под колената, а истиот го надополни со бела шапка и нејзините омилени црни потпетици од брендот Алтузара.

Во сите комбинации војвотката изгледаше неодоливо, а се чини дека бременоста навистина ѝ годи, со оглед на тоа што сите забележаа дека таа навистина зрачи и никогаш не изгледала посреќно.

Дел од комбинации што војвотката ги одбира за време не бременоста, гледате во галеријата.

Објавено:
24 октомври 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.400 пати