Неодамна, француската претседателска двојка Емануел и Брижит Макрон, ги угостија во Елизејската палата, јорданската кралица Ранија и кралот Абдула Втори.
Модната јавност се радуваше на оваа средба, бидејќи тоа значеше уште еден стилски двобој.
И да, двете први дами беа одлично стилизирани.
Брижит Макрон (65) се одлучи за формално издание со елегантна нота. Се работи за фустан во тегет нијанса, која во горниот дел има набори, паѓа лесно и од левата страна е украсена со копчиња во истата нијанса. Секако, се работи за креација на францускиот бренд „Луј Витон“, која убаво ѝ ја нагласува витката линија. Фустанот е искомбиниран со елегантни чевли во беж нијанса од велур.
Од друга страна, кралицата Ранија (48) покажа храброст и впечатливост со кожениот црн комплет.
Она што многумина можеби не би знаеле да го износат, Ранија совршено знае да го носи. Коженото палто-кошула со мали фалти во долниот дел, како и широкото плисираноздолниште со тантелна постава одлично ја нагласија женствената, француска шик силуета. Креацијата е на Ермано Скервино, а стајлингот е надополнет со црна мала чанта и лакирани чевли.
Со тоа и двете покажаа како на софистициран, суптилен и мошне женствен начин може да се изгледа впечатливо, секси и моќно!