Отмениот летен стил на кралицата Ранија

10 јуни 2019

Грациозна со секое нејзино појавување, јорданската кралица Ранија плени и инспирира со својот изглед.
Не е во прашање само облеката што ја носи, туку нејзиниот став и изграден карактер, нејзината хуманитарна работа и воопшто животниот стил, е она што ја прават посебна.

Раскошот и женственоста се есенцијата и на нејзиниот летен стил. Отмена во секој поглед, ни го привлече вниманието и со нејзините последни јавни појавувања пренесени преку фотографии на нејзиниот инстаграм профил каде ја следат над 5 милиони следбеници.

Она што нè инпонира кај нејзниот стил, е тоа што и покрај тоа што има официјална функција, Ранија е жена која не се плаши да експериментира со естетиката и храбро им пристапува и на боите, а сето тоа резултира со исклучително префинети комбинации кои говорат за нејзината личност.

Во нејзиниот летен имиџ, претежно се застапени романтичнте миди фустани со нагласен струк, во различни дезени, како и лежерните панталони во широк крој најчесто комбинирани со елегантни кошули.

Ако сакате да внесете малку раскош во вашиот летен стил, инспирацијата ви ја посочуваме кај кралицата Ранија.

Фото: Инстаграм

Објавено:
10 јуни 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.090 пати
Тагови: 
кралица Ранија