Бутиците на славните

19 ноември 2014

Велат дека не постои друг бизнис како што е шоу – бизнисот. Познатите личности оваа девиза ја сфатиле здраво за готово и буквално од се сакаат да направат пари и се обидуваат да создадат што поголем профит. Славните, првенствено стануваат заштитни лица на поголеми или помали модни куќи и брендови,неретко се случува да бидат дел и од дизајнерските тимови на различни етикети и да учествуваат во создавањето на разни колекции, а понекогаш стануваат сопственици и на свои продавници со облека и модни додатоци.

Откријте кои холивудски ѕвезди покрај тоа што уживаат во славата и имаат различни професионални вокации, одлично се снајдоа и како трговци промовирајќи ги своите лични брендови.

DASH – бутикот на сестрите Кардашијан

Семејството Кардашијан е дел од шоу бизнисот мошне долго време, меѓутоа се чини дека бутикот DASH е нивниот најголем успех до сега. Првата продавница беше отворена во Калабас во 2006 – та година. Популарноста на реалното шоу на сестрите не им донесе само слава, туку и проширување на бизнис планот. Ким, Кортни и Клое, отворија продавници и во Мајами и Њујорк, а во план е проширување на бизнисот и на европско тло. Полиците на DASH се полни со преубави парчиња облека и модни додатоци за бебиња и деца.

 Belle Gray – бутикот на Лиза Рина

Актерката која е дел од екипата „The Real Housewives of Beverly Hills“, Лиза Рина е исто така дел од армијата познати личности кои поседуваат бутици. Продавницата прв пат, Рина ја отвори точно пред десет години и во неа се продаваат парчиња облека и модни додатоци за жени.

12AM RUN – бутикот на раперот NAS

На листата познати личности кои поседуваат бутици се најде и раперот NAS, чија продавница е лоцирана во Лас Вегас. Тој е релативно нов во овој бизнис, но за една година колку што е отворена продавницата, раперот докажа дека знае како успешно да ја имплементира музиката во модата и затоа создаде колекција за мажи чиј заштитен знак е хип хоп стилот и урбаниот начин на живот.

Blue Tree – бутикот на Фиби Кејтс Клајн

Клајн е позната по улогата во филмовите „Fast Times at Ridgemont High“ и „Gremlins“. После настапот во овие филмски проекти, актерката се повлече од јавниот живот се омажи и својата енергија ја насочи кон отворање на своја продавница. „Blue Tree“ е отворена во 2005 година и е лоцирана на Медисон Авенијата во Њујорк и во неа се продава главно облека и модни додатоци за деца. Изминатиов период Фиби Кејтс Клајн, реши овој бизнис да го прошири, па во изработка се и колекциите за мажи и жени.

UNKNWN – бутикот на Леброн Џејмс

Отворен во 2011 – та година, бутикот за патики на Леброн Џејмс се наоѓа во трговскиот центар во Саут Бич, Мајами. Покрај патиките, во неговата продавница се продава и спортска облека и модни додатоци.

Chase’s Closet – бутикот на Тиона Ваткинс

Членката на музичката група TLC, Тиона Воткинс, одлучи да отвори продавница во Хјустон, Тексас. Бутикот е именувам по нејзината ќерка и во него се продаваат парчиња облека и модни додатоци за деца. Џејда Пинкет Смит, Соланж Ноулс и Бритни Сприрс се нејзини редовни клиентки.

 

Објавено:
19 ноември 2014
Категорија: 
Сцена