Црните комбинации го освоија црвениот килим

15 октомври 2013

Со завршувањето на летото почнaa и голем број на гламурозни настани каде дефинитивно може да уживаме во неверојатните комбинации на познатите дами.

Досега еден тренд дефинитивно се издвои од другите – стариот добар црн фустан. Без разлика на тоа за каков настан станува збор, голем број од актерките и пејачките одлучија да се појават во црни комбинации.

Вечната „ит“ боја, што сама по себе остава гламурозен и спектакуларен впечаток, буквално ги преплави црвените килими на многу од настаните.

Познатите дами одбраа различни црни комбинации и изгледаа сосема шик и неодоливо во истите. Од Миранда Кер, Скарлет Јохансон, Џесика Бил па се до фаталната Оливија Вајлд, модерната Сара Џесика Паркер и Никол Ричи, сите изгледаа беспрекорно во внимателно одбраните црни комбинации.

Она што е задолжително за оваа есен е безвременскиот црн фустан што мора да си го набавите уште денеска!

Објавено:
15 октомври 2013
Категорија: 
Сцена